Одличен старт за Триатлон клубот „3Дисциплини“ од Струга на Националното Дуатлон првенство во Скопје

- Локални, Спорт
169

Одличен старт на Триатлон клубот „3Дисциплини“ од Струга во новиот натпреварувачки циклус, освојувајќи низа медали на Националното Дуатлон првенство што се одржа во Скопје, 2025 година.

Во категоријата сениори, Никола Кутаноски се закити со златен медал, Цветко Митрески и Блерта Хани освоија бронзен медал, во јуниорска конкуренција Матео Мачоски го освои првото место, а Олса Орани сребрен медал.

Во категоријата кадети, Тија Кукунешоска се искачи на втората позиција на подиумот. Кај најмладите, во категоријата Деца 2, Јован Кутаноски и Стефанија Кутаноска освоија сребро, а Хади Исмаилоски и Софија Кутаноска бронза. Во категоријата Деца 1, Бисера Кутаноска сребрен медал, а Матеј Лазороски бронзен медал.

Успех имаа и останатите млади натпреварувачи: Христијан Нически, Виктор Опетчески, Марко Шаврески, Матеј Јовчески, Девран Куртис, Керем Куртис, како и најмладиот учесник Сергеј Шаврески.

StrugaOnline

Facebook Коментари