Одредени се саатниците за натпреварите во рамки на ракометниот Куп на Македонија што од 11 до 13 мај ќе се играат во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Во четврток се играат полуфиналните натпревари во машка конкуренција. Во терминот од 17:30 играат Еурофарм Пелистер и Пролет, а од 20:00 часот силите ќе ги одмерат Алкалоид и Вардар.
Во петок во истите термини ќе се играат натпреварите во женска конкуренција каде ќе се сретнат тимовите на Металург и Куманово, односно Вардар и Ѓорче Петров.
Финалните натпревари ќе се играат вo сабота, на 13-ти мај и тоа од 15:00 часот во женска, а од 18:00 часот во машка конкуренција.
Facebook Коментари