И официјално Лино Червар повеќе не е селектор на Македонија

- Спорт
713

РФМ на својата интернет страница соопшти дека Лино Червар и официјално не е повеќе селектор на Македонија, додека неговиот статус во Металург засега се уште останува отворен.

Хрватскиот стратег со писмо ја известил РФМ дека ја прифатил понудата од Хрватска, по што спогодбено е раскинат договорот.

Медиумите шпекулираат дека иако ситуацијата засега во репрезентацијата е мирна, во екипата на Металург веќе има неколку звучни тренерски имиња кои се во комбинација да го наследат Червар на клупата.

Facebook Коментари