Лев банер Десен банер

Oва се дисциплините во кои ќе настапат струшките веслачи на Балканското првенство во Букурешт

На Балканското првенство кое се одржува во Букурешт, општина Пантелимон, Р. Романија учествува и Македонската веслачка репрезентација која викендов ќе настапи во следните дисциплини:

Скиф кадетки- Ана Прентоска Скиф кадети-Вања Кукунеш Скиф јуниори- Кристијан Китаонски Скиф јуниорки- Климентина Стојмилоска Четветец кадети: Андреј Симоновиќ, Александар Хиохи, Леон Шутиноски, Цвете Димоски, Дубл скул кадети, Андреј Симоновиќ, Леон Шутиноски, сите од В.К Црн Дрим-Струга.

,,Со оглед на младоста на репрезентативците, се очекува да се соборат личните рекорди и да се продлабочат врските со останатите членки на Балканската веслачка федерација. Балканското првенство ја обединува веслачката елита од Балканскиот полуостров која е и светска велесила.“- велат од струшниот тим на ВК Црн Дрим – Струга.

Нашите веслачи се  предводени од тренерот Никола Мариноски , претседателот на ВФМ Здравко Голабоски и тим менаџерот Коста Хиохи .

Покрај македонската репрезентација , ќе настапат и најдобрите млади веслачи од домаќинот Романија , потоа Хрватска, Грција, Турција, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина и Србија .

Strugaonline

 

error: