Лев банер Десен банер

Ова се новите членови во комисии и тела на Џудо Федерацијата на Македонија

На седница на Џудо Федерацијата на Македонија одржана на 17.01.2018 година во Скопје, на даден предлог од страна на Џудо клубот „Дрим“ од Струга, за членови во комисии и тела на JFM избрани се:

  1. Здравствена комисија: Др. Оливер Бојчески
  2. Маркетинг и медиумска комисија: Нове Петкоски и Ванчо Стојмиловски.
  3. Комисија за образование, едукација и лиценцирање на тренери: Проф. Ѓорѓи Стојанов
  4. Медиа директор: Искра Опетческа
  5. Натпреварувачка комисија: Проф. Ивана Стојанова

„Сигурни сме дека заедно со нашите луѓе , Џудо Федерацијата на Македонија ќе се издигне на повисоко ниво, се со цел џудото како спорт да го доближиме до секое семејство и секако нашата главна цел е остварување на врвни спортски резултати„ – велат од ЏК „Дрим“ од Струга.

Џудистите од ЏК „Дрим“ од Струга имаат импресивни резултати на сите натпреварувања на кои учествуваат.

Strugaonline

error: