Во традиционалниот избор за ракометарка на светот за 2017 година на специјализираниот ракометн портал „Handball-Planet”, овојпат има дури пет ракометарки од редовите на ЖРК Вардар кои се влезени на финалната листа.
Во изборот учествуваат ракометни новинари од целиот свет заедно со публиката. На листата се наоѓаат и Амандин Лејно, Андреа Пенезиќ, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ и Драгана Цвијиќ. Победникот ќе биде познат на 4 јануари идната година, кога ќе заврши гласањето спроведено од „Handball-Planet”.
Гласањето се спроведува на следниот линк – http://www.handball-planet.com/vote-for-world-female-handball-player-2017/
Тука можете и вие да го дадете гласот за ракометарките на Вардар.
Бранител на ова признание е Романката Кристина Неагу, која беше избрана за најдобра во 2016 и во 2015, додека најуспешна во овој избор е Хајди Локе од Норвешка со три признанија од 2011, 2013 и 2014 година.
Извор и фото: zrkvardar.mk
Strugaonline
Facebook Коментари