Лев банер Десен банер

Пионерите на Ракометната школа Струга Динг 2021 се победници на Меморијалниот турнир ,,Зоран Стојановски“

Пионерите на ракометната школа Струга Динг 2021 со подмладен состав, но предводени од поискусни играчи го освоија првото место на Меморијалниот турнир ,,Зоран Стојановски“  во Ресен.

– Последните години сме редовни учесници на овој турнир, а ова е втор пат како го освојуваме првото место. Со тоа, уште еднаш покажавме дека нашата школа е база на новиот бран млади ракометари од Струга.  Оваа година имаше екипи и во машка и во женска конкуренција, а во финалето нашата пионерска екипа извојува сигурна победа над домаќинот. Во екипата годинава се приклучени и дел од помладите пионери, работиме напорно, имаме добра атмосфера и тоа носи резултати на долгорочен план. Овие натпревари ни послужија како увертира во следните предизвици кои се пред нас, а тоа е почетокот на пионеркста лига при РФМ, каде годинава иако подмладени се надеваме на добри игри како и минатата година, а исто така и Меѓународниот турнир во Лесковац, Србија што ќе се одржи наредниот месец и каде што ќе настапиме со генерации 2008, 2010 и 2012, вкупно 40 деца, кои ќе се натпреваруваат со екипи од целиот Балкан и пошироко.-изјави за Strugaonline тренерот на Струга Динг 2021, Дејан Коцар.

Toј додаде дека обично самите екипи се борат за да учествуваат на вакви турнири, а тимот на Ракометната школа Струга добива покани. Коцар потенцира дека Ракометната школа Струга има голема база на деца од сите генерации, и како што вели, најважно до се е што се пријателски настроени и отворени за соработка со сите.

Strugaonline

error: