Пионерите на РШ Динг Струга во недела играат за бараж во Ф4

- Локални, Спорт
92

Оваа недела во пионерската машка лига во ракомет се игра баражот за пласман во Фајнал фор, каде ќе играат пионерите на РШ ДИНГ Струга против РК Еурофарм Пелистер 2 од Битола.

Натпреварот е закажан за 16:00 часот во спортската сала „ТИМИ“ во Струга.

Повик до сите стружани да дојдат и да ги бодрат нашите млади идни струшки ракометари.

Реваншот се игра наредната недела во Битола.

Strugaonline

Facebook Коментари