Пионерите на РШ Струга Динг славеа во градското дерби над РК Струга, публиката донираше за Бојан

Во натпревар во кој резултатот можеби беше во втор план, пред полна сала пионерите на ракометната школа Струга беа подобри во градското дерби против РК Струга со 27:19 (14:11).

,,Имавме одличен ракомет од двете екипи во фер игра и коректна атмосфера. И благодариме на струшката публика што се придружи на нашата иницијатива, и на сите што одвоија време и средства да му помогнеме на Бојан.,,-велат од Ракометната школа Струга.
Strugaonline
