Новиот струшки женски ракометен клуб ЖРК Струга 2024, после прва натпреварувачка сезона со 16 одиграни кола во група, се пласираа меѓу четирите најдобри екипи во пионерската лига на Македонија.
ЖРК Струга 2024 на Ф4 турнирот во пионерската женска лига на Македонија одиграа два тешки натпревари и на двата изгубија, првиот со шампионот Ѓорче (18:13), а за трето место со Астибо (20:18).
Иако не освоија медал, сепак еден пехар дојде во Струга, голманка Есра Гузи беше прогласена за најдобар голман на турнирот.
-Со самото учество на Ф4 турнирот оваа наша прва сезона е повеќе од успешна, честитки за сите девојчиња и голема благодарност за сите што помагаат во нашиот клуб, велат од ЖРК Струга 2024.
StrugaOnline
Facebook Коментари