Лев банер Десен банер

ПК „3Дисциплини“ Струга викендов учествуваше на меѓународниот пливачки митинг „Рестарт“-Сараево, Босна и Херцеговина

Пливачкиот клуб „3Дисциплини“ од Струга овој викенд учествуваше на меѓународниот пливачки митинг „Рестарт“ -Сараево, Босна и Херцеговина.
Струшките пливачи имаа прилика да искусат да пливаат со учесници од целиот Балкан, сите бележеа подобрување на своето време и котираа доста високо на резултатите земајќи го четвртото место во речиси сите категории.
Јован Кутаноски го освои третото место во категоријата 50 м делфин и само неколку стотинки го делеа за другите награди.
Со значителен резултат беа и Јана Билетина, Тија Кукунешоска, Девран Куртис, Петар Шикоски, Мона Кукунешоска, Бона Кукунешоска, Керем Куртис, Нарт Домазети, Бисера Кутаноска, Христијан Нически, Хади Исмaилоски, Стефанија Кутаноска, Софија Кутаноска и Давид Попоски.

StrugaOnline

error: