ПК „СТРУГА“ Струга викендов освоија 6 медали на меѓународниот пливачки натпревар „Орион куп мини 2024“
На 29.9.2024 година се одржа меѓународниот пливачки натпревар „Орион куп мини 2024“ во Скопје, на кој учествуваа пливачи од Македонија, Бугарија, Србија и Косово, а пливачите на ПК „СТРУГА“ Струга се закитија со 3 златни и 3 бронзени медали како и медал за најдобар пливач на митингот во категорија пливачи 2016:
Сара Филева – златен медал за краул 50м и златен медал за грбно 50м, бронзен медал за делфин 50м и медал за најдобар пливач на митингот во категорија пливачи 2016,

Антонија Чакар – златен медал за прсно 50м,

Матеј Јолдески – бронзен медал за прсно 50м
Бојана Костоска – бронзен медал за делфин 100м.
Одличен настап како и подобрување своите времиња имаа и: Дора Филева, Викторија Грујоска, Енџи Пошка, Максим Тодоровски, Илија Тодороски, Елса Кадриу, Бобан Филев, Дион Речи, Тадеј Санџакоски.
„Како клуб се залагаме за континуирано подобрување и стабилен развој на нашите пливачи и продолжуваме посветено да работиме за уште поголеми успеси во иднина“ – изјавија од пливачкиот клуб „СТРУГА“.
StrugaOnline
