Лев банер Десен банер

Пливачите од ,,3Дисциплини“ со одлични резултати на државното првенство во Преспа

Пливачите од струшкиот триатлон клуб 3Дисциплини  имаa апсолутна доминација на државното првенство во далечинско пливање категорија 2010 и помлади, што се одржа во Сливница,Преспа.

Со вкупно седум натпреварувачи од кои сите успешно ја завршија трката, а некои за прв пат и тоа со одлични резултати( поради болест и останати причини не настапија 6 членови). Сите деца се претставија во одлично светло, дури во женската трка имаше фото финиш. Пливачите од Струга се закитија со освоени : Тија Кукунешоска 2 место, Матеја Ончева 4 то место во женска конкуренција. Јован Кутаноски 1 место, Дамјан Бежаноски 2 место, Симеон Јованоски 3 место, Хади Исмаилоски 4 место, Виктор Опетчески 5место и Марко Лазороски 9 место.,, -информираше нивниот тренер, Никола Кутаноски.

Следниот викенд членовите на 3 дисциплини имаат две трки, пливачкото државно првенство во Охрид и државното бртско првенство во Битола.

Strugaonline

error: