Пливачки Клуб “Струга” освои 12 медали на меѓународниот пливачки натпревар “ОРИОН КУП” во Скопје
На 18.05.2025 година се одржа меѓународниот пливачки натпревар “ОРИОН КУП” на олимпискиот базен во Скопје на кој учествуваа пливачи од Македонија, Србија и Косово.

Струшките пливачи од ПК “Струга” се закитија со 12 медали од кои 2 златни, 4 сребрени и 6 бронзени.
Според официјалните резултати од натпреварот, ПК Струга е на третото место по освоени медали во категоријата 2017 и помлади на овој меѓународен натпревар.

– Јулмихал Јурцевен освои златен медал за градно 50м, сребрен медал за делфин 50 м и вронзен медал грбно 50м,
– Антониа Чакар освои златен медал за градно 100м и бронзен медал за градно 50 м,
– Оги Вранишкоски освои сребрен медал за делфин 50 м и градно 50 м,
– Деспина Чакар освои сребрен медал за градно 100 м,
– Сара Филева освои бронзен медал за краул 50 м,
– Матеј Јолдески освои бронзен медал за 100 м делфин,
– Ангела Филева освои бронзен медал за 50 м градно,
– Дора Филева освои бронзен медал за градно 50 м.
Сите наши учесници ги подобрија своите времиња во своите категории.
–Како клуб се залагаме за континуирано подобрување и стабилен развој на нашите пливачи и продолжуваме посветено да работиме за уште поголеми успеси во иднина, велат од ПК “Струга”.
StrugaOnline
