Пливачки клубови, пливачи и родители шокирани, базенот во Струга се затвора цели 4 месеци

- Локални, Спорт
1770

Вистинско непријатно изненадување и неверување за пливачките клубови, пливачите и родители за донесената одлука на управителот на единствениот затворен базен во тој регион во државава, „ЕСМ МОЛИКА СПОРТ Струга“ да не работи се до 11 октомври оваа година, или речиси цели четири месеци.

Неработењето е, како што велат од пливачките клубови, во период на одржување на најголемите домашни пливачки натпреварувања за кои цела година се подготвуваат пливачите.

Воедно и родителите на децата членови на Пливачки Клуб „Струга“ имаа поднесено писмено барање до пливачки базен за работа на базенот во текот на цело лето, а истото од страна на управата на базенот очигледно воопшто не е земено во предвид, во прилог Ви го доставуваме и писменото барање:

Еднаков е револтот и на Пливачкиот Клуб „3 дисцилини“ Струга:

– Оваа одлука е спротивно од намената на објектот кој е од јавен интересен. При намален обем на работа има намален персонал. Впрочем, ако поголемите приходи од летниот период доаѓаат од Ливадиште, не треба нас останатите кој што сме цела година во базенот да не исфрлите од секој можен концепт на работа. Градејќи форма и кондиција на нашите спортисти преку цела година вие со Вашата смешна одлука затварате и уништувате едногодишна работа на сите деца од клубовите во Охрид и Струга точно на две недели пред државното првенство кое ќе се одржи н 12. јули во Скопје. Ништо нема да влијае на вашата работа со автокампот Ливадиште ако се дозволи спортските клубови да работат во период од 09-12 часот. Оваа одлука треба да биде преиспитана, затоа што е против сите спортски здруженија кој што работат и зависат од базенот. Минатата година почнавме во ноември што и тоа беше против тоа за што е базенот наменет, изјави за strugaonline Никола Кутаноски од пливачкиот клуб „3 дисциплини“ Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари