Победа на Вардар на гостувањето во Данска

- Спорт
1263

Вардар го направи првиот чекор кон пласманот на Ф4 турнирот во Будимпешта со триумфот на гостувањето кај Митјиланд во првиот четврт-финален натпревар од ЛШ, 24-23 (13-16). Останува уште потврда на квалитетот на реваншот во Скопје за ново учество на завршниот турнир.

Реваншот од четврт-финалето е закажан за 14 април во Скопје. Ова е седми триумф на „црвено-црните” во меѓусебните дуели со Митјиланд на осум натпревари. Истовремено ова 12 триумф сезонава во лигата на шампионите на 13 одиграни натпревари.

На Вардар му требаа 45 минути за да најде против игра на Данките кои во најголем дел од средбата до тој момент имаа водство. Домашните ракометарки имаа водство 19-16 како најава дека имаат сигурна игра и знаат како да се справат со европските вице прваци.
Но, тогаш конечно проработе нашиот напад, но и одбрана. Лејно повторно беше меѓу стативите, а Пенезиќ во 46 минута успеава да израмни, на 20-20. Оттогаш вардарки ја презедоа иницијативата и успеаја 15 минути да ги сопрат противничките ракометарки во намерата да постигнат гол. Во тој период Лејно бранеше одлично, а нападот на Вардар веќе направи и предност од „плус 3″ за водство 23-20 и 24-21.

МИТЈИЛАНД – ВАРДАР 23:24 (16:13)

ВАРДАР: Лејно (5 одбрани), Суслина (5 одбрани), Радичевиќ 4, Кликовац, Саздовска, Кузнецова, Лазовиќ 3, Пенезиќ 1, Чанаџија 1, Лакрабер, Хмирова 1, Цвијиќ 8, Лекиќ 6, Петровиќ, Ристовска.

Извор: ЖРК Вардар

Facebook Коментари