Победи на Монако, Реал и Атлетико во Лигата на Шампиони

- Спорт
1063

Фудбалерите на Монако во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, ја победија Борусија со 3-2.

Монако го искористи шокот во кој се најдоа фудбалерите на Борусија, по терористичкиот напад врз нивниот автобус и стекнаа голема предност пред реваншот на кој ќе бидат домаќини. Екипите на Реал и Атлетико, во првите четвртфинални натпревари истотака остварија победи. Реал победи на тешкото гостување во Минхен со 2-1, а Атлетико минимално со 1-0 го порази Лестер на домашен терен. Реванш натпреварите во Мадрид и во Лестер, ќе се одиграат за шест дена.

Facebook Коментари