Лев банер Десен банер

Познати се полуфиналните двојки на Европското првенство во ракомет

Вчера се комплетираше главната рунда на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка, а денеска е слободен ден.

Утре започнува финалниот викенд и полуфиналните натпревари во кои ќе се соочат Данска против Исланд, односно Германија против Хрватска.

Претходно ќе се одигра и натпреварот за петтото место од 15:00 часот меѓу селекциите на Португалија и Шведска.

Термините за полуфиналните средби се 17:45 часот и 20:30 часот, но ЕХФ допрва ќе потврди која двојка кога ќе игра.

StrugaOnline

error: