Вчера во пионерската машка лига во ракомет се одигра првиот натпревар од баражот за пласман во Фајнал фор, каде пионерите на РШ ДИНГ Струга загубија од РК Еурофарм Пелистер 2 од Битола со резултат 8:9.
-Во првиот натпревар од најнеизвесниот бараж двомеч за пласман на Ф4, минимален пораз на нашите пионери против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 8:9. Малиот број на голови кажува каква борба се водеше на теренот, ние одиме на реваншот да се надигруваме, не очекува уште еден тежок дуел на кој ќе дадеме се од себе за да се пласираме понатаму, велат од РШ ДИНГ Струга.
StrugaOnline
Facebook Коментари