Ракометарите на Бутел-Скопје ја победија екипата на Струга со 21:17

- Спорт
1108

Ракометарите на Бутел Скопје ја победија екипата на Струга на домашен терен со резултат 21:17. Тие на стартот поведоа со 4:0 , во текот на натреварот имаа и „плус осум“, но екипата на Струга беше доста мотивирана и успеа да ја истопи таа предност. Ракометарите на Бутел и покрај тоа што се суперлигаши, имаа доста грешки во текот на натпреварот, но се чини, искуството им помогна да го совладаат тимот на Струга. Во нашиот тим најуспешни беа Јанкулоски со 6 и Кусманоски со 4 погодоци.

Извор и фото: 24 ракомет

Strugaonline

Facebook Коментари