Ракометарите на Струга блескаат во Првата Лига – Совладан и тимот на Партизан во Гевгелија

Ракометарите на Струга заслужено блескаат со победи во Првата Лига. Откако славеа на дерби пресметаката минатото коло против Преспа на домашен терен, избраниците на Наум Танески го совладаа и составот на Партизан во Гевгелија со 32:34.
Интресен натпревар во кој се играше гол за гол со 3:3, пред нашите ракометари да се одлепат на 4:10 и до крајот на првиот дел најчесто водеа со разлика од 4 до 6 голови и на пауза заминаа со предност од 14:18. Во второто полувреме домашните предводени од Митревски притиснаа и полека ја топеа предноста.
Во финишот на мечот намалија и на минус 1, во повеќе наврати, имаа и напади за реми, но Струга секогаш погодуваше во следниот напад и не дозволи израмнување. Во последните моменти се влезе со 32:33, пред гостите да погодат и да го затворат мечот со конечни 32:34.
Најдобар поединец кај Струга беше Тодор Јанкуловски со 10 голови, 8 постигнаа Александар Стојанов и Сенад Бајрамоски, додека за Партизан премалку беа 17 голови на Иван Митревски, а имаше поддршка само од Иван Џонов кој даде 7 голови.
Извор: 24rakomet
Фото: архива
Strugaonline

