Ракометарките на Стружанка со убедлива победа против ЖРК Јехона
Ракометарките на ЖРК Стружанка ја забележаа третата победа во прволигашката конкуренција, откако славеа на домашен терен против ЖРК Јехона со 25-11.
Ова е втора победа за ЖРК Стружанка во меѓусебните дуели каде ја најавија победата уште по првиот дел кога водеа со 12-8, а на стартот на вториот дел со серија од шест гола за 18-8 веќе за знаеше кој е победник.
Најефикасни кај стружанките беа: Маркоска Марија со 6 гола, Едје Сејадин, Маџоска Вања и Переска Тијана со 5 голови, Билкова Бојана со 2, Петреска Јана и Переска Антонија по еден гол.
Стружанка е петта на табелата со шест бодови, во следното коло Стружанка ќе гостува кај Овче Поле СУ во Свети Николе.
StrugaOnline

