Репрезентацијата на Аргентина е новиот Светски фудбалски шампион

- Спорт
396

Со возбудливо финале и победа на селекцијата на Аргентина заврши Светското првенство во фудбал.

Аргентинците одлилно го започнаа финалето,  со головите на Меси од пенал во 23-тата и Ангел Ди Марија во 36.минута имаа два гола предност се до завршните десет минути.

Во 80-та минута беше досуден пенал за Франција што успешно го реализираше Килијан Мбапе кој две минути после пеналот постигна уште еден гол и така избори продолженија

Меси постигна гол во 108-та минута и  повторно и донесе предност на Аргентина. Но, возбодувањата продолжија, повторно Мбапе постигна гол од пенал во 118-тата минута.

Продолженијата не донесоа победник, па следуваа пенали во кои Аргентина постигна четири гола, а французите имаа две промашувања

На тој начин Аргентина стигна до посакуваниот трофеј.

Facebook Коментари