РК „Струга“ утре на гости игра со РК „Радовиш“

Во рамките на Супер Ракометната Лига на Македонија, РК „Струга“ утре гостува во Радовиш. Во Спортскиот ракометен центар „25 Мај’ нашите ракометари ќе играат со РК „Радовиш“ и ќе се обидат да стигнат до третата победа оваа сезона откако претходно ги совладаа екипите на „Борец“ и „Вардар Јуниор“. Ова е важна сезона за РК Струга бидејќи после петнаесет години успеа да се врати во елитната ракометна лига, а до сега успеаа да постигнат две победи од два одиграни натпревари.
Почетокот на натпреварот е закажан за во 19:00 часот
Strugaonline

