РК Вардар ја освои својата трета титула во СЕХА лигата

- Спорт
1054

Македонскиот првак во неизвесен и интересен натпревар го совлада унгарскиот првак Веспрем и ја освои третата СЕХА титула. Во финалето на регионалната лига во спортскиот комплекс „Викторија“ во Брест, Вардар го победи Веспрем со конечен резултат  26-21 и успешно ја затворија СЕХА сезоната.

Од самиот почеток се играше интересен и изедначен натпревар. Иако Вардар ја имаше иницијативата и на двапати поведе со два погодока предност, првиот дел заврши со резултат 11-11, за на крај победат со конечни 26-21.

Facebook Коментари