Вардар убедливо славеше против европскиот првак Монпеље со резултат 33:27
Натпреварот во Скопје започна одлично кога Вардарци водеа со 7:0, но своите шанси ги користеше и францускиот тим, па на одмор отидоа со резултат 16:13 за нашите ракометари.
Во вториот дел од натпреварот Монпеље се обидуваше да го стопи водсството, но Вардарци не го дозволија тоа, па се одлепија и со комотни 6 разлика. На крај славеа со 33:27.
Откако Веспрем победи кај Кјелце, со овие резултати Вардар заврши на третата позиција на табелата.
Strugaonline
фото: РК Вардар
Facebook Коментари