Роналдињо потпиша договор со Барселона

- Спорт
848

78344253-486579

Бразилецот Роналдињо изминатиов викенд беше топ тема во Париз каде во живо го следеше големиот дерби дуел меѓу ПСЖ и Монако, но медиумите се насочени кон неговото име поради присуството во Барселона и склучениот договор со каталонскиот фудбалски гигант.

Тоа што се најавуваше и се очекуваше да се оствари уште во 2016 година, конеченно Барселона излезе со официјално соопштение за взаемниот договор кој е потпишан со Бразилецот кој имаше незаборавен престој како играч на „Камп Ноу“.

– Барселона и Роналдињо постигнаа договор и големата бразилска ѕвезда потпиша договор според кој ќе биде амбасадор на клубот во различни акти и настани во наредните неколку години, – се вели во краткото и официјално соопштение на Барселона, во кое уште се наведува дека Роналдињо денес во 17:30 часот ќе одржи официјална прес-конференција со претседателот Бартомеу на кое ќе биде промовиран како нов амбасадор.

Facebook Коментари