РШ „Динг“ од Струга во недела ќе настапат на ракометниот турнир „5-ка за ракомет“ во Охрид

- Локални, Спорт
221
Во недела во Охрид ќе се одржи најголемиот ракометен турнир за млади категории „5-ка за ракомет“ во организација на ракометната школа „Вардар“ Охрид.
-Нашата школа и оваа година со педесетина деца од помалите групи ќе учествува на турнирот кој на 25-ти недела со почеток во 9 часот ќе се одржи во Билјанини извори во Охрид а организатор е ракометната школа „Вардар“ Охрид, изјави за strugaonline тренерот на РШ „Динг“ Дејан Коцар.

-Тимови ќе има од секаде од Република Македонија, со повеќе од 340 учесници и ќе има многу голови, насмевки, другарства, музика, навивање и изненадувања, велат организаторите.
Турнирот ќе се одржи во недела 25.05.2025 година со почеток во 09 часот во спортскиот центар „Билјанини Извори“ во Охрид.

StrugaOnline

Facebook Коментари