РШ Динг Струга и ГРК Охрид изиграа нерешено на вчерашното дерби

- Локални, Спорт
203

Вчера во спортската сала Тими во Струга се одигра ракометниот натпревар помеѓу Ракометната Школа Динг Струга и ГРК Охрид.

Во натпревар од 6-то коло од пионерската лига во дерби натпреварот со ГРК Охрид, во крајно неизвесен натпревар, Ракометната Школа Динг Струга и ГРК Охрид одиграа нерешено 16:16 (полувреме 7:7).

Се играше гол за гол, а првата позначителна предност стружаните ја имаа во второто полувреме кога поведоа со 3 гол разлика.

Но следеше период кога се играше тешко во нападот и после неколку чудни судиски одлуки, ГРК Охрид успеа да се врати, и натпреварот заврши со поделба на бодовите.

StrugaOnline

Facebook Коментари