РШ Динг Струга овој викенд ќе настапи на 18тото издание на меѓународниот турнир на Ракометни Надежи „Метеор 2025“ во Лесковац, Србија
РШ Динг Струга овој викенд ќе настапи на 18тото издание на меѓународниот турнир на Ракометни Надежи „Метеор 2025“, кој ќе се одржи во Лесковац, Србија од 31 октомври до 02 Ноември 2025 година.

За Србија патуваат со три генерации, 2009, 2011 и 2013, со преку 30 млади ракометари.
„Одиме да собереме искуство, да се надигруваме и достојно да ги претставиме нашиот град и држава“ – велат од РШ Динг Струга.
StrugaOnline

