Лев банер Десен банер

РШ „Динг“ Струга викендов ќе настапи на меѓународниот младински ракометен спектакл „МИКА 2026“ кој се одржува во Босна и Херцеговина

Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната, Ракометната школа „Динг“ Струга ќе испише нова страница во својата историја, станувајќи прва екипа од Македонија која ќе учествува на големиот младински ракометен турнир „МИКА 2026“. Овој престижен турнир по 12-ти пат ќе се одржи во Прњавор, Босна и Херцеговина.

Натпреварувањето се игра во два продолжени викенди и опфаќа четири генерации млади ракометари, а РШ „Динг“ Струга ќе настапи во периодот од 13 до 15 февруари со две селекции. Станува збор за генерацијата 2012, која пред неколку месеци триумфираше на силен меѓународен турнир во Лесковац, Србија, како и пионерската селекција 2010, која ќе се натпреварува во повозрасната категорија 2008/2009.

Турнирот „МИКА 2026“ важи за еден од најквалитетните младински ракометни настани во регионот, со учество на повеќе од 25 екипи од Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Словенија, Унгарија и Австрија. Во ваква силна и квалитетна конкуренција, младите ракометари од Струга ќе имаат можност да се докажат, да стекнат драгоцено меѓународно искуство и во најдобро светло да го претстават својот град и Македонија.

Поканата за учество на овој турнир претставува уште еден значаен чекор напред за ракометното семејство на РШ „Динг“ Струга. Ова ќе биде четврти меѓународен настап надвор од државните граници, како и одлична можност младите играчи да се натпреваруваат и да разменат искуства со врсници од различни ракометни школи и спортски средини.

StrugaOnline

error: