Лев банер Десен банер

РШ Струга Динг 2021 на гостински терен славеше над РК Прилеп

 Пионерската екипа на РШ Струга Динг 2021 славеше на гостувањето против РК Прилеп со резултат 37:15.
,,Во натпревар каде шанса добија и се запишаа во листата на стрелци сите играчи, несовладлив на голот беше нашиот помлад голман Трпоски, а некои од нашите пионери родени 2010та година Сагдиноски, Танаскоски, Ојлески, Дуноски ги имаа деби головите во пионерска конкуренција. Честитки за двете екипа на фер и коректната игра.- велат од Ракометната школа Струга.
Наредниот викенд во последното коло РШ Струга Динг 2021 е домаќин на  екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Strugaonline

error: