Рутинска победа на пионерите на РШ „Динг“ Струга во градското дерби против РК Струга
Рутинска победа на пионерска екипа на РШ Динг во последното коло од есенскиот дел, на гостувањето кај РК Струга со 15:8 (полувреме 6:1).

-Имавме контрола во текот на целиот натпревар, одбраната повторно си ја заврши потешката работа, а на голот несовладлив беше нашиот голман Трпоски. На половина од сезоната се наоѓаме на второто место, кое заедно со првото водат понатаму во баражите и разигрување за титулата. – изјави тренерот на ракометната школа „Динг“ Струга Дејан Коцар.
StrugaOnline

