Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот со имињата на 19 ракометари на кои смета за подготовките за време на ЕХФ неделата, од 02 до 08 април 2018 година.
Ракометарите во овој период ќе се подготвуваат за претстојните бараж-натпревари за СП 2018, кои Македонија ќе ги одигра против селекцијата на Романија во јуни. Покрај тренинзите во Скопје, нашите репрезентативци во текот на ЕХФ неделата ќе одиграат и еден пријателски натпревар од затворен карактер против репрезентацијата на Русија.
Во списокот на Раул Гонзалез се петмина ракометари на Металург.
Список на ракометари: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Дејан Манасков, Филип Талески, Горан Крстевски, Филип Кузмановски, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Велко Маркоски, Дарко Димитриевски, Гоце Ојлески.
Извор: rkmetalurg.mk
Facebook Коментари