Лев банер Десен банер

Сениорките на ЖКК Струга 2009 се поразени во четвртфиналето на Купот на Македонија

Сениорките на ЖКК Струга 2009 се поразени во четвртфиналето на Купот на Македонија.


ЖКК Крива Паланка : ЖКК Струга 2009 95:68

(по четвртини 36:10; 13:14; 24:27; 22:17)

-Освен во првата четвртина каде бевме преимпресионирани од екипата на Крива Паланка која е лидер на Прва А лига и во моментов е без пораз оваа сезона, и изгубивме убедливо во останатите 3 четвртини бевме рамноправни противници. Од овој натпревар можевме многу да научиме, без императив на резултатот а против две американски интернационалки и сениорската репрезентативка Алексоска, мислам дека во овој момент дадовме максимум а тоа беше доволно за ваков резултат. Нам ни следува последниот натпревар против Бадел во јуниорска конкуренција па потоа на заслужен одмор. -изјави тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.

Најдобри стрелци во Струга беа: Муртезаи 22 поени, Хиса 14, Белкоска и Незири постигнаа по 9 поени, Таранеши 5, Коруноска 4, Даути 3, Муртиши 2 п оени. Во екипа на Крива Паланка американката Робинсон забележа 35 поени, додека Алексоска 17 поени.

StrugaOnline

error: