Сениорките на ЖКК Струга 2009 со нова победа, славеа над Спорт Тим Неготино
Сениорките на ЖКК Струга 2009 подобри од Спорт Тим од Неготино.

Струга 2009 – Спорт Тим 52:48 (по четвртини 15:16; 08:13; 11:12; 18:07).
Во тврд и неисвесен натпревар со многу резултатски промени ЖКК Струга 2009 финишираше подобро и забележа победа. ЖКК Струга 2009 е непоразен на стартот од првенство и има 2:0 однос победи и порази. Најефикасни во ЖКК Струга 2009 беа: Муртазаи со 20 поени со 4 постигнати тројки, Хиса забележа 11 поени, Зиба 7, Алексиеска 5, Крацоска 4, Белкоска 3 и Муртиши 2 поени. Кај гостите најдобри беа украинските интернационалки Остапук и Ковтин со 15 поени, односно 14 поени.
„Натпреварот беше вистински тежок, прво заради нивната убедлива победа во прво коло, и со факт дека се засилени со 2 украински кошаркарки кои и покажаа дека се доста квалитетни. Второ ние имаме многу натпревари затоа што во сениорска лига играме со 7 јуниорки и 5 кадетки и малку сме уморни. Имаше многу тактички надмудрувања, но во завршница бевме подобри, предводени од Муртазаи, Хиса и Белкоска, и во пенал завршницата смирената Алексиеска ни донесе победа со 3 погодени слободни фрлања. Честитки до девојките и се надевам ќе продолжиме уште посилно“. – изјави тренерот на Струга 2009 Владимир Ѓоровиќ.
StrugaOnline

