Лев банер Десен банер

Сениорките на ЖКК Струга 2009 со победа го завршија есенскиот дел од првенството

Сениорките на ЖКК Струга 2009 го делат првото место после есенскиот дел од првенството, со победа на гостински терен во Штип против ЖКК Тим Арена дојдоа до резултат 5:1 исто како екипите на Гевгелија и Гостивар.

ЖКК Тим Арена – ЖКК Струга 2009, 35 : 46 (05:05; 12:14; 07:14; 11:13).

Најдобри стрелци во струшката екипа беа: Хиса со 14 поени, Муртезаи 12, Зиба 10, Миладиноска 5, Цинчиќ и Незири со 2 поени и Таранеши 1 поен.

-Од овој натпревар сум задоволен само од резултатот, играта беше на многу ниско и лошо ниво. Можно е девојките да се уморни бидејќи освен капитенот Хиса сите деца играат и во јуниорската екипа а голем дел од нив и за кадетскиот тим. Но целта е остварена, после есенскиот дел го делиме првото место со Гевгелија и Гостивар а тие две екипи ни гостуваат во Струга во вториот дел од првенството, изјави за strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.

StrugaOnline

error: