Сопственикот на ракометните екипи на Вардар и на фудбалскиот тим, Сергеј Самсоненко после изјавата дека се повлекува од Вардар поради лични навреди кои како што претходно рече му биле упатени од страна на одредени медиуми и поединци, денеска на прес-конференција (на која Илија Најдовски беше именуван во технички директор на ФК Вардар) стави до знаење дека избрзал кога изјавил дека ќе го напушти клубот. Тој истакна дека нема да замине од Вардар и дека тука ќе остане засекогаш.
Предомислувајќи се, рече дека претходната изјава ја дал со жешка глава и многу емоции поради лагите и невистините кои биле пласирани за него.
StrugaOnline
Facebook Коментари