Шпанија е на тронот на Европа

- Спорт
1081

Шпанија дојде до историска победа во финалето од ЕП кое се одржа во Хрватска со резултат 29:23. Совладувајќи ја селекцијата на Шведска ова е прв златен медал за Шпанците.

Во првото полувреме,  се играше гол за гол, а сега сребрената Шведска во одреден период од првото полувреме ја имаше контролата на резултатот и на одмор замина со предност од два гола односно 12:14.

Изгледаше дека Шведска ја има формулата за победа на овој меч но Шпанија се врати во полн сјај и во второто полувреме се им одеше од рака на силните шпанци. За десет минути игра во второто полувреме, Швеѓаните само еднаш го совладаа одличниот Штербик кој беше прогласен за играч на натпреварот , а од другата страна Шпанија направи серија од 6:1 што и донесе предност од 18:15, а брзо потоа беше 21:16.

На пет минути до завршувањето на мечот  Шпанците водеа со 26:20 и тоа откако се опуштија бидејќи претходно имаа и плус осум гола. На крајот беше 29:23 со што Шпанија конечно стигна на тронот на Европа.

Strugaonline

Facebook Коментари