Шпанија по четврти пат на тронот на Европа

- Спорт
193

Шпанија четврти пат во историјата е европски фудбалски првак откако синоќа ја победи Англија со 2-1 во финалето на ЕВРО 2024 во Берлин.

Херојот на шпанскиот национален тим е Микел Ојарзабал, токму тој го постигна победничкиот погодок во 86.минута, откако реагираше одлично на уфрлената топка од левата страна и го надмудри Џордан Пикфорд.

Шпанија дојде во водство во 47.минута со голот на Нико Вилијамс, а израмни Кол Палмер во 73.минута со удар од 25 метри.

Facebook Коментари