Швајцарија на пенали ја елиминираше Франција на ЕП во фудбал

- Спорт
842

Светскиот првак Франција е елиминирана од Швајцарија во осминафиналето од ЕП во фудбал по изведување пенали (5-4).  Швајцарците успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Европското првенство каде ќе се сретнат со Шпанија. Зомер го одбрани петтиот пенал на „триколорите“ што го изведе Килијан Мбапе.

– Многу сум тажен бидејќи не ја постигнеме нашата цел. Навистина ми е жал за решавачкиот пенал. Сакав да му помогнам на тимот, но не успеав. За жал, ова се подеми и падови во еден спорт што навистина го сакам. Знам дека вие навивачите сте многу вознемирени, но сакам да ви се заблагодарам за поддршката и вербата во нашиот тим. Најважно е да се вратиме посилни во иднина. Честитки за репрезентацијата на Швајцарија, со среќа на овој тим, напиша Мбапе на својот Инстаграм.

Facebook Коментари