Натпреварот помеѓу Македонија и Словенија кој ќе се игра на 13-ти јануари е прв и за двете репрезентации на Европското првенство во Хрватска. Се очекува голема спортска борба на теренот, а тоа предизвикува голем интерес и кај публиката. Така, специјално за мечот со Македонија, Словенците ќе имаат организирано навивачки воз.
Тој им бил во пакетот аранжман и се охрабруваат да патуваат со него, особено што ќе поминува покрај повеќе градови. Возот од Љубљана ќе помине покрај Целје, Зидан Мост и Севница, за да влезе во Хрватска и да се истовари кај затворот Реметинец, на неполни два километра од „Арена“.
Билети за натпреварите веќе нема и едиствениот начин да се дојде до нив се аранжманите кои ги нудат туристичките агенции.
Извор:sport1.mk
Facebook Коментари