Словенија е новиот Европски шампион во кошарка

- Спорт
837

Словенија е новиот Европски шампион во кошарка. Во неизвесен и драматичен натпревар Словенија  ја совлада  Србија со 93:85. Оваа победа на Словенија е вистинска атракција во евробаскетот со оглед на тоа дека на овој шампионат не беше сметана за фаворит.
Почетокот на натпреварот одеше во корист на српските кошаркари, кога остварија минимална предност  од 22-20. Но, во вториот дел од натпреварот Словенците стигнаа до позитива од девет поени и на одмор заминаа со резултат 56-47

Возбудлив беше третиот дел од натпреварот кога Словенците стекнаа и двоцифрена предност, а Србија успеа да  намали на само четири поени разлика.

Потоа, Србија успеа и да изедначи, па и да поведе. Но Словенија направи голем пресврт во финишот и  стигна до златниот медал. Трето место на шампионтатот  освои Шпанија.

Facebook Коментари