Лев банер Десен банер

СП Ракомет: Хрватска е првиот финалист, вечерва ќе се дознае вториот

Репрезентацијата на Хрватска е првиот финалист на Светското првенство 2025, откако во полуфиналето против Франција славеше со 31:28. Со 15 интервенции, голманот Доминик Кузмановиќ беше меѓу најзаслужните за обезбеденото финале.

SF1 – France vs Croatia, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Baerum Oslo, Norway, 30.01.2025, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

За Хрватите ова е петто финале на Мундијалите, последното го играа во 2009 година. Хрватска за златото ќе се бори со подобриот од натпреварот меѓу Португалија и Данска.

Денеска на Светското првенство 2025 ќе се одигра вториот полуфинален натпревар, по што ќе биде познато кој ќе биде вториот финалист.

Изненадувањето на Мундијалот, репрезентацијата на Португалија, ќе се обиде да ја изненади Данска и да стигне до финале. Данците се големи фаворити на денешниот натпревар, но се очекува избраниците на Пауло Переира силно да му се спротистават на актуелниот светски првак.

Натпреварот меѓу Данска и Португалија е вечерва на програмата од 20:30 часот.

StrugaOnline

error: