СП: Ракометарите на Франција се првите финалисти

- Спорт
793

Narcise-Francija

Селекцијата на Франција не дозволи изненадување против Словенија во првиот полуфинален меч на СП во ракомет и со победата од 31-25 бранителот на титулата се пласира во финалето.

Франција до победата ја предводеа Порт и Ремили, а во напаѓачкиот дел доминираа и најискусните Нарсис и Карабатиќ. Голманот Жерар кој доби шанса наместо Омејер имаше 15 интервенции,Ремили постигна шест гола а Порт еден помалку.

Франција противникот во финалето ќе го дознае вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален дуел помеѓу Хрватска и Норвешка.

Facebook Коментари