Лев банер Десен банер

Според експертите на ЕХФ: Вардарки се прв фаворит за прво место во ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) со помош на нејзините експерти направи рангирање на најдобрите екипи во Лигата на шампионите, рангирање на кое како прв фаворит за тронот е посочен нашиот првак ЖРК Вардар.

Вардарки играат стабилно и сигурно во оваа сезона, тие се единствената екипа без пораз во најелитното натпреварување, а тоа придонесе ракометните стручњаци да им ја дадат позицијата број еден за пехарот кој веќе неколку години со нетрпение се чека во Скопје.

– Логично е единствениот непоразен тим во натпреварувањето да биде на врвот на листата. Заедно со ФТЦ Будимпешта, македонскиот состав е единствениот тим кој ги доби сите мечеви во главната фаза иако со два/три гола разлика. Вардар го преживеа Турингер на гостински терен, но нивната одбрана и ширината на составот се доволни да ги исфрлат како фаворити за освојување на титулата. Тоа што ги пречекуваат Будуќност и Турингер во двете од три последни средби од оваа рунда им ги зголемува шансите за првото место во групата, – се вели во објаснувањето на ЕХФ.

Топ 10 рангирањето на ЕХФ изгледа вака:
01. Вардар
02. ФТЦ Будимпешта
03. Ѓер
04. Ларвик
05. ЧСМ Букурешт
06. Митјиланд
07. Мец
08. Будуќност
09. Турингер
10. Есбјерг

 

error: