Според ИХФ: Цепелинот Манасков-Лазаров најубав гол на Мундијалот во Франција

- Спорт
772

Една недела по завршувањето на Светското првенство, ИХФ, го објави видеото со најубавите 10 гола постигнати на ракометниот Мундијал.

Број 1 на листа на најубави голови на 25-то Светско првенство е цепелинот кој го изведоа македонските репрезентативци Дејан Манасков и Кире Лазаров.

Како најдобар стрелец со 50 постигнати голови беше капитенот на Македонија, Лазаров, и е втора титула најдобар стрелец на СП-а.

Мундијалот заврши со триумф на Франција, втора беше Норвешка, а трета Словенија.

Facebook Коментари