Во вториот натпревар од третиот натпреваручки ден на 45. издание на турнирот „Струга 2017“ Охрид славеше победа над Шведскиот вицепрвак Алингсас со резултат 28:27. Треба да се забележи дека голманот кој ја бранеше мрежата на Охрид имаше дури 11 успешни интервенции.
После овој исход, Охрид ќе се бори за третото место со тимот на Металург, откако Металург прослави лесна и убедлива победа над домаќинот Струга со 43-11 во првиот натпревар од третиот ден на 45. издание на традиционалниот турнир.
Во финалето, закажано за вечерва со почеток од 21:30 часот за прво место ќе се борат бранителот на трофејот, француски Шарт и турски Бешикташ.
Facebook Коментари