Струга е домаќин на првиот турнир во пионерска лига во женска конкуренција

Денеска во Струга, во спортска сала „Нико Нестор“ се одржува првиот турнир во пионерска лига во женска конкуренција.
Првиот натпревар започнува во 11:15 часот каде се сретнуваат Бадел 1862 од Скопје и Јуниор од Битола.
Во 12:30 часот играат домаќините Струга 2009 со тимот на Гостивар, а за 13:45 e закажан натпреварот помеѓу Јууниор Битола и Струга 2009.
Инаку, во Прва лига жени, во четвртото коло Струга 2009 славеше над тимот на Патриот од Делчево со резултат 68:38. По четвртини 19:06;12:10;21:09;16:13 , a утре, во рамките на петтото коло, ЖКК Струга 2009 гостува во Кавадаци кај екипата на „Пробаскет Академија“
Strugaonline

