Актуелниот шампион, Струга ТЛ ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија.
Стружани во полуфиналето беа подобри од тетовска Шкендија. Откако првиот меч во Тетово го добија со 2-1, вчера во реваншот пред својата публика одиграа 1-1.
Со голот на Нигериецот, Укпа во 20.минута Струга поведе со 1-0. На вториот, израмнувачкиот гол за Шкендија се чекаше се до крајот на натпреварот (90+2).
Стружани во своето второ финале ќе се борат против Вардар, закажано за 24 мај.
Вардар по 8 години ќе игра финале во Купот, за Вардар тоа ќе биде вкупно седмо финале во Купот на Македонија, а прво по 2007 година. Тогаш вардарци ја совладаа прилепска Победа и го освоија шестиот куп трофеј.
StrugaOnline
Facebook Коментари